Аргета, добрата страна на лебот, е број 1 паштета од месо и риба во Европа.

Веќе 35 милиони Европјани уживаат во вкусот на Аргета. Дали си и ти меѓу нив?

Европјаните ја одбраа Аргета!

Секоја секунда 6 Аргети се отвараат ширум светот. Не зборуваме напразно кога велиме дека Аргета е број 1 паштета од месо и риба во Европа. Ова го потврдува истражувањето од светски признатиот Nielsen Research Institute.

Која е тајната на толку добриот вкус?

Со уникатен рецепт, ние докажуваме дека Аргета може да ги сруши сите митови околу паштетите. Сите паштети ги припремаме од најдобрите парчиња месо и риба, кои секогаш внимателно ги одбираме и додаваме само 100% природни зачини и неколку капки растителни масла. И љубовта со која ги припремаме нашите паштети веројатно обезбедува посебен вкус.

Ви благодариме од срце, Европски пекари и сите вие кои печете свој леб дома.

Ова е ода за сите Европски пекари. За сите вас кои печете мек бел леб и вкусен црн леб, крцкави кифлички, багети, фурнаринки и чиабата. Без вас, нашата паштета направена од одбрани состојки не би била број 1 паштета од месо и риба во Европа.

Со рецептот БЕЗ ви носиме повеќе безгрижни оброци на вашата трпеза.

Уште од самиот почеток разбравме дека сè што ви сервираме мора да биде подготвено од внимателно одбрани природни состојки и на начин кој обезбедува најдобар квалитет и вкус на нашите паштети и прави да се чувствувате безгрижно после секое залче. Затоа, сите паштети Argeta се подготвуваат според рецептот БЕЗ, кој гарантира дека Argeta не содржи конзерванси, вештачки засилувачи на вкус, вештачки бои и глутен.

Ако е добро за луѓето, треба да биде добро и за животната средина. #SpreadGood.

„Ако јадете добро, се чувствувате добро а потоа и споделувате добро." Оваа идеја не води низ сè што правиме, дури и низ нашата програма за одржливост наречена #SpreadGood. Амбициозни цели не водат низ три главни области, во кои се стремиме кон подобри производи, подобра животна средина и подобро општество. Сакаме да создадеме мали безгрижни оброци кои се добри и за луѓето и за животната средина. Откријте ја нашата програма за одржливост и дознајте на што сме посветени.

Подготвено специјално за деца.

Следејќи специјално прилагоден рецепт, ги подготвуваме Argeta Junior паштетите специјално за младите (и младите во душа). Филетите од пилешки гради и туна се внимателно одбрани и зачинети со блага мешавина од природни зачини и само неколку капки растителни масла, а исто така има и 20% млечен намаз додаден во вкусовите KokoKrem и KremTuna. Во 2021 година, ја подобривме и хранливата вредност на сите паштети Argeta Junior за да ги направиме богат извор на протеини.

Ние не сме прехранбена индустрија, туку мајстори за правење паштети

Во Аргета, за разлика од многу конкуренти, ние не сме прехранбена индустрија каде паштетата е само еден од споредните производи. Ние од се срце ги правиме само најдобрите паштети од месо и риба во Европа, на кои им посветуваме 100% од времето и фокусот. Ние ги бараме само најдобрите висококвалитетни состојки и при изборот на месо и риба никогаш не се задоволуваме со помалку. Во нашата модерна фабрика за производство, ние користиме иновативни техники за да обезбедиме трајност на производот без никакви вештачки адитиви.

Печете сами свој леб

Веќе знаеме дека Аргета е добрата страна на лебот. Но, која? Па, тоа е ваша одлука. Откријте ги рецептите за најпознатите Европски лебови, испечете свој и намачкајте го со вашата омилена Аргета!

*број 1 паштета од месо и риба во Европа

Врз основа на податоците на NielsenIQ RMS во категоријата месна и рибна паштета (според дефиницијата на Atlantic Droga Kolinska) за период од 12 месеци, заклучно со 30-ти ноември 2022 година, за вкупниот малопродажен пазар на 17 европски држави (Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Чешка, Германија, Велика Британија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија) согласно локалните специфичности (Copyright © 2023, NielsenIQ).